logo

# Сатира

СО ЦЕЛ ДА ПРОИЗВЕДУВА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА: Ковачевски инсталираше фотоволтаици на ќелавицата

насловна слика

Енергетската криза, која со месеци негативно влијае врз економијата на Нашата Земја и ѝ прави проблеми на Владата на чело (хехе) со премиерот Димитар Ковачевски, послужи како мотивација за овој владин состав и инспирираше идеја која треба да донесе целосна енергетска независност на оваа институција.

 

Имено, се работи за проектот СоларТаче, со кој е предвидено премиерот да добие два соларни панели, по еден на секое уво, кои ќе ја акумулираат сончевата енергија што се одбива од неговата глава и потоа ќе ја трансформираат во електрична енергија.

 

За поголема ефикасност и поголемо производство, и на Бујар Османи му било понудено поставување на соларни панели, меѓутоа тој ја одбил понудата со изговор дека не носи перика и дека тоа што го гледаме на неговата глава е природна коса.  

Коментари


Остави коментар