Вистинскиот виновник за пожарот во тетовската модуларна болница, лицето П.К., чиј идентитет беше непознат со месеци, конечно ќе ја добие заслужената казна за трагедијата што ја предизвика, благодарение на истрагата на најзелениот меѓу зелените и најправедниот меѓу праведните, господинот Али Ахмети.
Во интерната истрага што ја спровел шерифот Ахмети било откриено дека виновникот за пожарот, лицето П.К. е всушност „Продолжен Кабел“ кој во истиот момент бил лоциран, а потоа опколен, уапсен и одведен на егзекуција со бесење, на струјомерот од викендичката во сопственост на лидерот на ДУИ.
Бесењето на кабелот поминало во најдобар ред, со присуство на претставници од Владата, Собранието и најголемите амбасади, а егзекутор на казната била сопругата на премиерот Ковачевски, како докажан познавач на струјата и нејзините текови.