logo

# Сатира

Службеник во ДИК отпуштен затоа што секој ден доаѓал на работа

насловна слика

Чедомир В., 62 годишен службеник во Државната изборна комисија, денес бил отпуштен од оваа институција бидејќи по опсежна истрага се покажало дека тој со години редовно се појавувал на своето работно место и ја работел својата работа.

 

Како што се вели во објаснувањето на ДИК, отпуштениот покажал пркос кон стратегијата на власта за работата на оваа институција и со секојдневното доаѓање на работа ги омаловажил колегите, како и своите претпоставени.

 

Ова негово ненормално однесување останало незабележано скоро три децении затоа што тој најчесто сам го поминувал времето на работа, сѐ додека институцијата не инсталирала камери и сосема случајно го забележала чудакот во своите редови.

 

Покрај отказот, ДИК најави дека ќе бара јавно извинување за рушење на имиџот на институцијата, како и за покажаната несовесност од страна на нивниот бивш вработен или во спротивно ќе му го избрише стажот кој тој нелегално го акумулирал.

Коментари

Гостин

по примерот на вработените во ДИК функционираат и Јапонците, а доказ е нивната продуктивност и лојалност , па и спремност на харакири доколку не се придржуваат кон кодексот на ДИК , кој за среќа го имаат прифатено и грото од администрацијата во Нашата држава......не џаба премиерот им одобри К-15 .......

Гостин

minatata godina bev vo ministerstvoto za pravda da podignam nekoja dozvola za drugo ime,zgradata bese skoro prazna ,portirot vrtese no nemase nkoj mi rece odi gledaj po sobite nekogo ke najdes,od vrata na vrata najdov eden i go prasav go zema listot i otidovme vo biro nemozese da gi najde dokumentite potoa telefonirase kaj taaa sluzbenicka doma i taaa mu kaza i gi najde znaci nikade drzvnata administracija ne doaga sekoj den na rabota

Гостин

Зарем е потребен коментар. Останува да се усавиме од мака, но и вода нема по реките и езерата

Гостин

nichaj vrata zimaj plata

Гостин

ramkovni

Гостин

sega neka gi vrabotat i avganistankite neka legachat i tie

Златко

Нема проблем,Путец ќе им обезбеди пасоши и лични карти( ко на сите интелектуалци и нобеловци од крим сферата) така да следните избори зајко добија 5-0

Гостин

si uvezuva nov narod a nas ne izvezuva

Гостин

Грешниот тој, не знаел дека наместо редовно да оди на работа, требало да си земе партиска книшка и редовно да оди на митинзи и протести кои ги организира партијата, а сега наместо отказ ќе добиеше 30% бонус на платата.

Гостин

zajko ke izgubi na izbori


Остави коментар

Архива по датум