Во свет полн со луѓе што не се замараат со политика - биди Славјанка Петровска!
Заменик министерката за внатрешни работи предложи генијален план за решавање на проблемот меѓу Украина и Русија.
Имено, таа предложи Украина официјално да го смени своето знаме, химна и име, а како предлог за ново име на државата го предложи "Република Советско-Руска Украина"
"Ја поддржувам Украина. Ја поддржувам и Русија. Поддржувам рационални договори што го шитат интегиртетот и сувереноста на било која држава. Нормално, да бев глупава ќе кажев дека Украина има право да се брани во ситуацијата со Русија. Ама тоа го викаат само затуцани луѓе што имаат ставови од осумнаесетиот век. Во 2022 сите проблеми се решаваат со рационални договори. Затоа, време е овој проблем да заврши. Република Советско-Руска Украина е решение за кое сум спремна да водам! Следете ме!" - изјави Славјанка Петровска која веруваме дека ќе биде номинирана за нобелова награда за мир за оваа идеја која ќе реши долгогодишен проблем меѓу две соседни држави.
Отсекогаш Славјанка Петровска поддржувала вакви работи, исто како ЕУ, НАТО и останатите заедници за мир.