logo

# Сатира

СЛАВЈАНКА Ѝ ОБЈАВИ ВОЈНА НА РУСКАТА: Во иднина ќе спремам само украинска салата!

насловна слика

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која во слободно време е домаќинка со јасно определени геостратешки позиции на кујната, најави целосно укинување на руската салата од нејзиното домашно мени и нејзина замена со помалку познатата украинска салата, подготвена по нејзин рецепт.

 

- Ние сме НАТО, што значи дека и салатите што ги јадеме треба да бидат НАТО. Нашата посветеност на евроатлантските интеграции ќе треба да се отсликува и во храната што ја консумираме, па логично е таа да го носи името на нашите партнери, а не на нашите душмани. Затоа, јас како домаќинка, но и како министерка ќе ги препорачала француската, италијанската, германската, но и украинската салата. Последната е правена на мој начим, во чест на нашите браќа од Украина и очекувам целосно да ја замени руската салата на македонските трпези. Состојките и начинот на подготовка ќе бидат објавени на сајтот на министерството и секој ќе може да дојде до нив. Време е за промени! - рече главниот готвач на армијата, Славјанка Петровска.

 

Интерес за новата салата пројавиле и земјите членки на алијансата, па според нашите инсајдерски информации, наскоро земјава ќе биде домаќин на голема се'натовска дегустација, на која високи гости од сите НАТО земји ќе имаат шанса да ја пробаат салатата на Славјанка, направена со посвета за братска Украина.

 

Добар апетит.

Коментари

a2QYfIREGESvxSXabkF6oE2XH0BiV4x2TI7KP1Df

Браво министерке држи го бајракот и биди на првата линија линија на фронтот белким Путин ке се уплаши и војна нема да има

sUDGISiqJwBGyyV7Ah7dy3J616umE5tBX4uyRXQa

pred da stapat na funkcija zadolzitelno da odat na medicinski pregled


Остави коментар