logo

# Сатира

Скопје 2044: Се судрија трамвајот на гуми и трамвајот на водород

насловна слика

Скопје: 10 Декември 2044

Страшна бучава ги разбуди утрово скопјани откако пред седиштата на Фејсбук и Гугл, во близина на Градскиот парк дојде до судир на двата скопски трамваи кои сообраќаат покрај најчистата река на светот, Вардар.

Според очевидци до несреќата дошло кога возачот на трамвајот на гуми, загледан во авантурист кој се спуштал со зиплајнот од Кале кон Влада, изгубил контрола над возилото и удрил во трамвајот на водород кој доаѓал од спротивната страна.

На местото на настанот излегоа градоначалникот на Скопје, Боки Јовановски и премиерот Амди Бајрам, кои ветија дека средствата за обнова на трамвајот ќе ги обезбеди ЕУ веднаш по добивањето на датумот за почеток на преговори, кој се очекува најдоцна оваа пролет.

Коментари


Остави коментар