Конечно!
Време беше владата да донесе крајно демократски мерки за казнување на секој што има негативно мислење за владата! Предолго траеше режимот на обичниот човек кој мислеше дека може да пише "A be vladava mozda i ne e najdobra na cel svet? A? Eve mozda e vtora najdobra na cel svet... ama prva? So znam...." без притоа да добие било какви последици за тоа!
Е сега, луѓето ќе размислат два пати пред да пишат омаловажувачки или навредливи коментари за нашата најсакана влада.
Како што дознава Кооперација, ќе се воведе "Агенција за Негативни, Умислени, Срамни или Малициозни Коментари" која ќе има за задача да реши дали вие со вашиот статус од типот на "Ova vladata sto go pravi ne e perfektno! Sramota! Zasramete se!" или "Нема правда, нема мир! Ќе штрајкуваме секогаш кога нема да има правда! Владата мора да се плаши од народот!!!" сте имале за намера да навредите или омаловажите член на владата, а главен на оваа агенција ќе биде Шкодране Дардишта.
Шкодране Дадришта ќе ги проверува вашите фејсбук статуси, а ако смета дека има нешто малициозно во статусот тогаш ќе ве пријави во полиција. Владата верува дека секој човек ќе размисли два пати пред да пише нешто ако постои шанса во рок од 10 минути да му се појавуви полиција на врата.
"АНУСМК ќе биде одлична агенција! Ептен се израдував кога ми кажаа дека јас ќе ги проверувам сите навредливи коментари на фејсбук! Уште одма отидов на таван да ги облечам моите работнички чизми. Ќе биде јако!" - изјави Дардишта за нашиот сајт.