logo

# Сатира

СКАНДАЛ! ВИЦЕ ЗАЕВ БАРАЛ МИТО ОД ТРИ КЕСИ ЗА ДА ЗАВРШИ РАБОТА!

насловна слика

Нов скандал ја тресе фамилија Заеви!

 

Имено, екипат на Кооперација дознава дека братот на премиерот* Зоран Заев -  Вице, барал мито!

 

И тоа ни повеќе ни помалку туку три кеси!

 

Ова се откри во т.н. "бомба" односно аудио во кое се слуша премиерот** Зоран Заев како на одредена индивидуа бара мито од три кеси за да биде одредена работа побрзо завршена. 

"Види, ќе мора да дадеш нешто ако сакаш ова да биде побрзо завршено. За мене еден бургер од седмица и три кеси за Вицето. Тоа е, знаеш. Бургер за мене - кеси за Виц'то." - се слуша гласот на премиерот*** Зоран Заев во аудиото бомба.

 

Пробавме да стапиме во контакт со Вице Заев, откако го видовме како изелгува од еден скопски кафе-бар, а тој ни го кажа следново:

 

"Чоек, ја не сум Вице Заев, што ти е на тебе, дали сериозно мислиш дека сите ќелави луѓе си личат исто???"

 

Ќе продолжиме со известување како што добиваме нови информации.

 

* = уште е премиер овој???

 

** = не, стварно , не си најави 10 оставки до сеа?

 

*** = ама стварно, нели си најави оставка бе? ме зеза мене некој тука?

Коментари


Остави коментар