logo

# Сатира

СКАНДАЛ! Антимаскер пред две години бил облечен како Бетмен!

насловна слика

Нов скандал во здружението на анти-маскерите во државата!

 

Откако веќе два собира им поминуваат со сериозни внатрешни проблеми, сега излезе нов, трет скандал!

 

Имено, еден од членовите на анти-маскерското здружение ќе биде избркан, откако било дознаено дека пред неколку години отишол на забава за "Први Април" маскиран како познатиот лик Бетмен!

 

"Шокиран сум! Тука ни продава приказна дека мрази маски... а му најдовме слика у фејсбук меморис облечен како бетмен! Добро, устата не му беше покриена, ама се останато беше. Тој и на тоа се вадеше уствари, дека нема проблем да носи маска, ама мора устата да му е слободна.. Ама не му веруваме! Не смеат вакви скандали да се случуваат во анти-маскерското здружение! Тоа е како некој од ДПМНЕ да нема врска со идеалите на ВМРО или како некој од СДСМ да не е социјалист или демократ. Ма ајде ви се молам.. нечуено! Нечуено ви велам! И како капак на се, проба да се извади дека уствари го имитирал Бетмен... а сите знаеме дека Бетмен нема маска, има брада, едно капче како Че Гевара и оди таму пред Влада нешто се дере со друштвото... он на мене!!! Одма го избркавме! Ако дознаеме дека во здружението има и други што порано носеле маски одма ќе ги избркаме! Ние сме сериозна организација и сакаме да бидеме сфатени сериозно!" - изјави главниот лик на анти-маскерското здружение.

Коментари


Остави коментар