Кој вели дека нема среќни граѓани во државава?
Повеќе од еден месец од почетокот на војната во Украина, екипата на Кооперација пронајде неколку граѓани на Македонија кои се презадоволни од тоа како се одвива војната во Украина!
"Презадоволен сум. Еве, секој ден гледам и навивам! Одлично оди во моментов! Нека проодлжи така!" - изјави сиромашниот граѓанин кој е презадоволен од тоа како се одвива војната во Украина.
Граѓанинот посака да остане анонимен, а ние заборавивем да го прашаме дали е духовно или финансиски сиромашен. Најверојатно и двете.
Се надеваме дека овој човек ќе сфати дека војната не е спорт и дека нема потреба за навивање во ситуација кога милиони луѓе останаа без дом и со несигурна иднина.
Што порано сфати, тоа подобро. За него.