Ден откако сфатија дека треба да се шири позитивна енергија на интернет просторот и дека е премногу глупаво и забегано (???) да се бара одговорност од министри за здравство, симпатизерите на СДСМ масовно почнаа да го исполнуваат фејсбук со свои преубави пораки за поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Во еден од постовите се вели:
"Министер за живот! Овој човек сигурно спасил ептен животи. Но зошто збориме само за неговите маани? Сигурно е добар сопруг, сигурно имал петка физичко во основно. Ајде да го преплавиме фејсбук со позитивна енергија и да ја отфрлиме негативноста од сајбер просторот!"
"Прости ми Тодоров, не знаев што правев.
Бев млад.
Наивен.
Мислев дека е ок да се бара одговорност од политичари.
Но сега сфаќам дека омразата раѓа омраза.
Прости ми.
Ќе ти бакнам и стапала ако ми дозволиш. Прости ми, навистина, никогаш не треба да се бара одговорност од министер за здравство. Никогаш не треба да се падне под притисокот на опозицијата, иако тогаш нашата партија беше во опозиција.
Грев беше да се бара одговорност тогаш.
Не требаше да се политизираат ситуациите во болниците нити пак малата Тамара.
Проштевај, голем човеку. Проштевај." - се вели во друг статус на симпатизер на СДСМ.
Во еден друг статус се вели следното:
"Луѓе... Тодоров не ја уби Тамара. СТОП ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ!!!
ТОЈ НАЈВЕРОЈАТНО НЕ НИ БИЛ ВО ИСТА СОБА СО ТАМАРА КОГА ТАА ПОЧИНАЛА!
НАЈВЕРОЈАТНО НИКОЈ НЕ ЈА НИ УБИЛ ТУКУ ПОЧИНАЛА ОД БОЛЕСТ!
СТОП ЗА ПОЛИТИЗИРАЊЕТО НА СМРТНИТЕ СИТУАЦИИ!!
СТОП ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ!
ЗАТВОР ЗА СИТЕ ШТО БАРЕМ ЕДНАШ БАРАЛЕ ОДГОВОРНОСТ ОД ТОДОРОВ НА ФЕЈСБУК!!!" - вели друг симпатизер на СДСМ, со име Zoran Zaev (овој познато име има бе?)
Доколку овие пораки ви донесоа насмевка на вашето лице, имаме уште! Никогаш доста од ширење на позитивна енергија на фејсбук и твитер во време на катастрофални медицински услови!
"Срамота луѓе.
За неколку лоши одлуки, лоши болници, корупција, криминал и умрени луѓе во болниците му баравте оставка, а? ЗАСРАМЕТЕ СЕ!
ОДМА СЕ ЗАБОРАВААТ СИТЕ ОСТАНАТИ РАБОТИ, А??!!?" - вели симпатизер на ДПМНЕ, кој сепак, бараше оставка на Венко. Сомнително, нема што.
"Само љубов луѓе. Еве, наместо да го нарекувате министер за смрт... можете... можете за фудбал да зборите. Имаше добри утакмици у тоа време, Меси и Роналдо бе помлади..." - се вели во друг статус.
Се надеваме дека овие пораки ќе ве научат на љубов, разбирање и сфаќање.
До следната катастрофа.