logo

# Сатира

Симпатизери на СДСМ праќаат рози и извинувања до Данела

насловна слика

ЉУБОВТА ЌЕ ПОБЕДИ!

 

Градоначалничката на Скопје, кандидатка подржана од ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори денеска доби огромен број на рози и извинувања од илјадници симпатизери на СДСМ.


Тие велат дека длабоко се извинуваат што ја обвиниле дека е Бугарка и што воопшто имплицирале дека имање на Бугарски пасош е нешто лошо.


"Извинете. Бев млад. Иако нема ни една година откако се случи ова... сепак бев млад. Бев глупав. Мислев дека е лошо жител на Нашата Земја да е Бугар. Сега сфаќам. Тоа е чест. Тоа е задоволство. И јас сум Бугарин исто како и Данела. Сите сме Бугари. Сите говориме Бугарски. Тоа да не си Бугарин и да не говориш Бугарски јазик нема да ми ги нахрани децата." - изјави еден симпатизер на СДСМ.

 

"Се извинувам госпоѓо Данела. Дали може да ми дозволите да ви ги измијам стапалата, онака, христијански, како знак на тоа дека се каам за тоа што мислев дека е лошо да си Бугарин. И јас сум Бугарин. Сите сме Бугари. Ве молам дозволете ми да ви ги измијам стапалата." - Изјави Квентин Тарантиновски, уште еден симпатизер на СДСМ.

 

Коментари


Остави коментар