Се поголем број на симпатизери на СДСМ изразуваат огромно задоволство што голем дел од членовите на партијата се серозни криминалци кои ќе лежат во затвор.
Ова е добро да се види, бидејќи нели, навистина фали оптимизам и позитивна енергија во државава.
"Браво! Пола партија се докажани криминалци! И ги судат! И ја губат работата во владата и завршуваат на суд, а потоа и во затвор! Е така треба!!! Ова е вистинска партија за Македонија!!! А не ко другана, што никогаш нивните членови не завршија во затвор! И требаше да паднат од власт за да биде откриено дека се криминалци! Нашата партија е подобра бидејќи додека сме на власт откриваме дека сме криминалци и лежиме затвор! Така треба!!! Браво!!! Пак да гласате за нас на следните избори, бидејќи пак ќе откриваме нови криминалци во партијата. А нели, не ко другиве, што нели... исто така се криминалци како и нашите, ама тоа се открива откако ќе паднат од власт. #NeSeSiteIsti" - гласеше фејсбук статусот на еден симпатизер на СДСМ.
Ние не сме баш најсигурни дали е добро ова, ама... битно се гради радува.