logo

# Сатира

СИМОВСКИ: Се попишуваат и вонземјани - И.Т. е официјално наш граѓанин!

насловна слика

Пописот се одвива во најдобар ред. Попишани се голем број на граѓани, нема да кажам колку, но тврдам дека бројката е повеќе од задоволителна. Нашите тимови, создадени од експерти попишувачи само денеска освен редовните попишувања успеаа да ги внесат во списокот пријавените 2587 вонземјани кои беа од различни планети, но сите сакаа да попишат на нашата планета, односно во нашата земја. Со радост сакам да истакнам дека попишано е и тоа ниското  вонземјанче И.Т., или И Ти од истоимениот филм на Спилберг. Потоа, 3682 починати граѓани и 27000 кои треба да се родат. Апликацијата работи беспрекорно, дури и без струја и интернет. Навистина сме на добар пат, граѓаните нема од што да стравуваат! - тврди Апостол Симовски.

Коментари

WnSmHxHJ8sfI3rY3nscIwNcKilCGNp6ZIlIJwS8a

спремна екипа,а и емпатична власт, така да сите се добредојдени....


Остави коментар