„Да, еве освен што сме попишани сме веќе и запиени позади во мојот двор, славиме за успешноста на пописот! Тука сме јас, моето пријателче и промотерче И.Т, Дарт, Лук и како што најавив дека ќе дојдат Симпсонови тоа и го остварувам. Потврдувам дека и Симпсонови се тука, но сега одмараат, Марџ беше нешто изнервирана. Но, како најважно останува дека сите сме среќни, весели, запиени и попишани. А сега извинете ме, имам попишани гости, морам да одам!“ - изјави видно потпивнатиот раководител на Државниот завод за статистика и се упати кон својот двор од каде ечеше народна музика од нашата земја во чест на попишаните.
Остануваме на терен!