logo

# Сатира

СИМОВСКИ ЕКСЛУЗИВНО: И Дарт Вејдер ќе се попише заедно со фамилијата!

насловна слика

„Нема да откривам многу, но утре попладнето се очекува да пристигнат Дарт Вердеј и Лук Скајвокер заедно со поблиските членови на фамилијата. Се инспирираа од И.Т. кој иако навидум е само ниско вонземјанче, стана мое големо пријателче и промотерче на нашиот попис. Дарт и Лук имаат огромна желба да се попишат тука, во нашата земја, како наши граѓани и тоа јасно преку видео повик го искажаа! Сѐ ќе биде спроведено по најновите ковид мерки, со помош на беспрекорните апликации. За денес толку, утре по средбата ќе откријам повеќе, само ќе навестам дека набрзо може да ни се приклучат и семејството Симпсонови, но да видиме што ќе биде!“ – изјави Директорот на заводот за статистика Симовски и побрза да се спреми за историската средба со гледање на Star Wars на својот плазма телевизор.

Коментари


Остави коментар