Добри вести! Кога сите мислеа дека Шилегов ги заборави ваучерите за такси што ги вети на последните избори - тие се враќаат!!!
Имено, градоначалникот на Скопје вети дека ако победи на локалните избори ќе воведе "Ваучер за такси за сите што паметат дека на последните избори ветив ваучери за такси", мерка која што треба да вроди со плод кај сите двајца што се уште го паметат ова.
"Види, ако паметиш што ветив на последните избори... дефинтиивно треба да си пијан. А ако си пијан... не треба да возиш. Затоа, ваучер за такси од Град Скопје! Ќе ти помогне во овие денови! Само гласај за мене и ќе средиме работа!" - вети Шилегов на нашиот новинар.