logo

# Сатира

Шест министри добиле топлотен удар откако Бектеши им рекол дека времето надвор е „свежичко“

насловна слика

Шестмина високи функционери од СДСМ, чии имиња сѐ уште се држат во тајност, попладнево доживеале тежок топлотен удар откако нивниот коалиционен партнер Крешник Бектеши ги советувал да излезат на терен по зимска гардероба, поради драстичниот пад на температурите утрово.

 

Како што дознаваме од извори блиски до еколозите од ДУИ, се работи за практична шега на најпознатиот владин шегобиец, Крешник Бектеши, кој за да ги насмее колегите и да ја крене работната атмосфера во Влада, ги убедил министрите од СДСМ да дојдат на работа со монтки.

 

Веднаш по освестувањето министрите од СДСМ изјавија дека немаат никаков проблем со смислата за хумор на Бектеши, ниту пак им пречи да бидат предмет на подбив, затоа што сѐ додека денот го минуваат во удобна, министерска фотелја, достоинството и интегритетот ќе им бидат во втор план

Коментари

W9SPfadH5gZzIhVMwOO9XdUDALOLSV7zxLAOApgK

Ne e vazno dostoinstvoto, vazno e da mu se veruva slepo


Остави коментар