Светот упати сериозни санкции кон Русија!
Овие санкции сигурно ќе ја олеснат болката на Украинците кои останаа без дом и без најблиските.
Имено, ЕУ, САД и НАТО се сложија во мерката наречена "Русија ќе гледа македонски ТВ канали".
Планот е хакери да ги хакнат (логично, хакери се, тоа им е работа) телевизиите во Русија и да ги заменат со телевизиски канали од Македонија, па така, Русите ќе немаат избор освен да гледаат турски серии, вести и дебатни емисии со најглупите можни гости.
Нациите сметаат дека ова ќе биде поприлично сериозна психичка тортура за граѓаните на Русија, а доколку ова не вроди со плод тогаш ЕУ планира да ги натера граѓаните на Русија да читаат коментари под статии на македонски фејсбук страници, нешто што се чува како ас во ракавот за "недајбоже" ситуација.