logo

# Сатира

Секој што "навива за Русија" ќе мора да вдоми Украинец!

насловна слика

Владата внимателно ги мониторира сите постови и коментари на фејсбук, твитер, инстаграм и останатите социјални мрежи.


Секој човек што некогаш напишал коментар во кој ја поддржува воената агресија од страна на Русија е внесен во посебен систем, а вашите информации ќе бидат искористени при доаѓањето на бегалците од Украина.

 

Планот е секој што "навива за Русија" да биде приморан да вдоми бегалец од Украина, бидејќи само така ќе може да ги сфати проблемите кои излегуваат од навивањето за војна.

 

"Ако навивате за Русија тогаш поддржувате уништување на домови. Тие луѓе нема кај да живеат поради тоа што вие навивате за војна. Ако сакате војна... бујрум, трпете ги поселдиците." - изјави портпаролот на МВР.

 

Граѓаните не се задоволни од оваа мерка.

 

"Хаха, ја? Сум рекол да пука Путин? Хаха, а бе... детето... мало... хаха, што разбира? Чепкало нешто, хаха... не сум јас... јас... не сум пишал тоа... хаха... не знам... грешка некоја е... ваљда... не сакам војна јас, тоа нешто некој ми чепкал на компјутерот." - беше реакцијата на еден граѓанин откако го дозна ова.

 

Коментари


Остави коментар