logo

# Сатира

Секогаш своја: Мира Дизел ќе вози за правда!

насловна слика
Пратеничката Мира Стојчевска, попозната меѓу граѓаните како Мира Дизел, реши да се појави на Маршот за правда во свој стил, со своето приватно Пежо 407 и да ја предводи поворката од граѓани кои ќе чекорат за правда. Таа се одлучила да наметне свое темпо од околу 40 километри на час затоа што, според нејзините калкулации, марширањето т.е. пешачењето за правда би се одвивало премногу бавно, а сите добро знаеме дека земјава нема време за чекање. Покрај г-ѓата Дизел и други пратеници најавија присуство на маршот со своите автомобили, додека поранешниот пратеник, а сега директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев, својата поддршка ќе ја пружи од авион, кој цело време ќе кружи над маршот.

Коментари


Остави коментар