logo

# Сатира

Секое лошо за добро е: Владата ќе прави зиплајн на дупката кај Косоврасти

насловна слика

Таму каде другите гледаат катастрофа опасна по живот, целосно затајување на институциите и негрижа за јавното добро, Владата гледа прилика да го извлече најдоброто за граѓаните и да си го "бустне" рејтингот.

 

Таков е примерот и со дупката што се отвори на патот Дебар-Маврово, кон бањата во Косоврасти, која ќе стане адреналински парк во кој главна атракција ќе биде зиплајнот што ќе се протега од едниот, до другиот крај на дупката.

 

Од Владата велат дека овој проект ќе донесе неколку стотици вработувања и е само почеток на еден нов тренд на градење, со кој дупките на патиштата ќе се адаптираат во наменски објекти кои ќе го полнат буџетот на Нашата Земја.

 

- Околу дупките веќе имаме направени патишта, па зошто да не ја искористиме нивната добра локација? Имаат огромен потенцијал кој не е ни начнат. Базени, фонтани, скијачки центри...до утре можам вака да набројувам што сѐ може да се изгради во нив. Само треба да ти текне. - рече премиерот Зоран Заев, кој е идеен творец на овој проект со име "тази дупка, не е дупка 2022"

Коментари

ZzI8vlCOWIAydke0i8hv3bN0ryH3kCENILKOLoFf

нешто слично на “ тзи сељак, не е сељак”?!!!


Остави коментар