logo

# Сатира

Шеќеринска: Јас ќе го правам дизајнот за независноста на Аризона!

насловна слика

Одлични вести за нашата земја! Кој вели дека работите не се движат на подобро за просечниот граѓанин?

 

Имено, госпоѓицата Шеќеринска се пофали дека добила задача да го направи графичкиот дизајн за прослава на независноста на Аризона!

 

"Добив прекрасни вести додека бев во авион! Влеговме во ЕУ! А после 5 минути пак ми ѕвонеше телефонот и добив уште едни прекрасни вести! Ќе го правам графичкиот дизајн за независноста на Аризона! Ептен се радувам! Веќе имам и некоја идеја во глава. Нешто сонце ќе стаиме, краци ќе стаиме, па нешто букви... еј, ептен убаво ќе биде! Баш ми е мило што мене ме одбра господинот Бајден за оваа задача!" - изјави госпоѓата Шеќеринска.

 

Сепак, како што дознаваме, Радмила не била првиот избор за оваа задача.

 

"Ех, нема врска, мене прво ми се јавија Лео Ди Каприо, Грета Тунберг и Џо Бајден да ме убедуваат за јас да го правам... ама им реков да и се јават на Шеќеринска. А иначе јас бев прва опција за правење на дизајн по повод независноста на Аризона. А видиш, не ни знаев дека Аризона слават независност. И они ли беа у Југославија? Ептен држави излегоа од ова екс-СССР државиве бе..." - изјави Зоран Заев во изјава за нашиот сајт.

Коментари

i0vRjhaNvyNL4h1MCrUAy5wwmbomJsmH0lK0dQvc

и он имал идеи како да го креира( нешто малку суви пиперки околу сонцето, обавезно машна , така необавезно стаена, енглеско-македонски речник у знак на пријателство и едно две - три тегли ајвар , као насоки за добра и здрава веган исхрана со позлатен комплет ексцајз....


Остави коментар