logo

# Сатира

СЕ ВРАЌА ФАМИЛИЈАТА МАРКОВСКИ СО СПЕЦИЈАЛНА ЕПИЗОДА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ!

насловна слика

Конечно, добри вести за филмоманите... а и серија-маните(?) во државата! Една од топ 5 серии за македонски семејства ќе се врати во државата!


Воедно, се надеваме и дека ова ќе ги замолкне устите на хејтерите кои сметаа дека оваа серија служи како про-СДСМ пропаганда и сметаа дека е премногу сомнително што серијата прекина со критикување на власта во моментот кога СДСМ дојде на власт.

 

Со ова, се докажува дека ниту еден уметник во државата не може да биде купен за политички потреби и дека уметноста секогаш ќе служи на народот, а не на корпорацииите, агенциите, државите како и за останати пропагандни потреби.

 

Особено ветува тоа што во првата епизода семејството Марковски ќе биде дел од македонското здравство и ќе се справува со сите ситуации што се случуваат благодарение на министерувањето на Венко Филипче.

 

Малку е сомнително дека според трејлерот за првата епизода семејството Марковски лесно и без никакви проблеми навигира низ македонското здравство, а во самиот трејлер за серијата еден од ликовите вика "Ах, овој Венко Филипче е перфектен министер за здравство и само идиот платен од Путин ќе смета дека треба министер за здравство да сноси морална одговорност. Многу е подобар од Никола Димтиров, иако, овие денови ептен е добар Никола Димитров и редовно му ги читаме статиите за Дојче Веле."

 

Малку чуден цитат, но сигурни сме дека ќе има смисла во контекстот на серијата.

 

Едвај чекаме!

Коментари


Остави коментар