logo

# Сатира

Се предаде и Груевски: Немав поим дека ме барате

насловна слика
Шок! Вистинска драма! Неколку часа по Сашо Мијалков, пред Основниот Суд во Скопје се предаде и поранешниот Македонски премиер, Никола Груевски. Во кратка изјава за новинарот Мишко Иванов од „24 Вести“, Никола Груевски рече дека не знаел дека властите во Македонија го бараат, дека бил болен и се лечел во Будимпешта. „Еве дојдов да го земам решението од Судот. Да Ви кажам искрено, немав поим дека ме барате. Јас сум шокиран! Бев во Будимпешта. Не ми беше нешто арно. Се лечев. Да знаев дека ме барате уште веднаш ќе се вратев. Јас сум човек од збор. Ви кажав дека немам намера да бегам!“ - изјави поранешниот премиер Никола Груевски.

Коментари


Остави коментар