logo

# Сатира

Се повеќе неутрални граѓани зажалуват што се членови на партија

насловна слика

Депресијата зема се поголем замав во земјава!

 

Според најново истражување, се поголем број на неутрални граѓани зажалуваат што се членови на политичка партија.

 

"Нема леб у ова батец. То ест има, фала богу супер си живеам, лапам хонорари редовно од мојата партија кога ќе е на власт, ама... ептен добивам хејт. Луѓе мислат дека не сум неутрален само поради тоа што имам членска книшка од партија, лапам тендери кога мојата партија е на власт и само поради тоа што цел живот гласам за една иста партија. Парата е добра, ама омразата од луѓето навистина боли! Зажалувам... зажалувам што имам членска од партија" - изјави еден неутрален граѓанин, а со неговото мислење се сложуваат и другите неутрални граѓани кои имаат членска книшка од партија и ги уживаат благодетите на истата.

 

"Ех, да знаев дека ќе биде вака можеби на едни од последните 15 избори немаше да гласам за истата партија. Ама ете... памет за друг пат. Луѓе мислат не сум неутрален поради тоа што само за една иста партија гласам... ма ајде, идиоти.." - изјави друг граѓанин.

 

Пробавме да им објасниме и на двајцата дека не се неутрални, но тие немаа време за нас и побрзаа кон следниот собир со останатите неутрални граѓани со членска книшка.

 

 

Коментари


Остави коментар