Сите ќе умреме. Некои порано, некои сега.
Тие што ќе умрат порано, за 100 години после нивната смрт ќе бидат мета на преговарање за тоа што биле и како биле. И некои ќе кажат "A be da mu ebam mater, pred 100 godini umrel toj, sho kur mi e gajle za nego, daj sea da lapneme nekoe denarce da vidime air i nie!"
Затоа, се повеќе луѓе сфаќаат дека смртта е мала цел за влез во ЕУ, што носи голем број на граѓани кои сакаат да се самозапалат на плоштадот во главниот град.
"Сакам да се самозапалам за влез во ЕУ. Еве, ќе умрам секако. Арно ама, ако се самозапалам тогаш може да помогнам за подобар живот на идните генерации! За ЕУ умреа и Гоце Делчев и Јане Сандански. Нели, сигурно се среќни дека нивната земја Бугарија е во ЕУ. Зошто јас да не бидам како познатите Бугарски херои и да умрам за влез во ЕУ?!?" - изјави еден млад човек кој несебично сака да се жртвува за подобро утро на државата!
"Еве, виде шо се дешаа у Украина? Умираат Украинци... и одма излезе муабет дека може да влезат у ЕУ! Ти текиња? Смрт на твој народ е мала цена за ЕУ! За ЕУ даам живот!" - изјави друг народ.
Реално, ние се сложуваме. За сто години од сега некој ќе каже "A be gajle mi e za ovie sto umrele pred 100 godini i za nivnata cel, bitno e ja da imam dobra plata." ... и ќе има добра плата. Благодарение на жртвата на овие модерни револуционери кои сакаат да дадат живот за ЕУ.
Браво! Така се сака ЕУ!