По целодневен молк од директниот учесник во вчерашната сообраќајка на Стража, после која јавноста дозна дека Кичеец е на годишен одмор од одржување на затворската казна, денес се огласи и то,ј и ја раскажа својата страна од приказната.
- Како голем љубител на природата, се пријавив за пожарникар-доброволец уште првиот ден кога почна да гори Галичица. Откако и после 4 дена не добив одговор од надлежните, извадив лажна медицинска документација само, и само, да излезам од затвор и да отидам на терен за да ја спасам планината. Максимално сум разочаран од односот на јавноста, која од мојот хуман гест направи пародија, додека јас ја ставам главата во торба за нивно добро. Ама тоа е. Вистинските херои се секогаш несфатени. – рече Кичеец.
Неговата несекојдневна храброст не остана незабележена, па неколку минути по неговата изјава се огласи и претседателот Стево Пендаровски, кој најави дека на 8 септември ќе го одликува Кичеец со орден за храброст и ќе го поништи остатокот од неговата казна.