Кооперација ексклузивно дознава дека еден од најпродаваните македонски автори, Коста Петров, кој одредено време ја запостави својата писателска кариера за да се посвети на Фондот за иновации, се враќа во писателските води со продолжение на својот бестселер „Се гледаме на врвот“.
Како што ни пренесе нашиот извор, оваа одлука сѐ уште не е дефинитивна, но големи се шансите таа да се оствари, под услов институциите да ја поддржат работата на писателот и да му обезбедат сместување и храна на наша сметка.
Но доколку државата не реагира навремено, според нашите сознанија авторот ќе бара начин да го исполни својот сон на друго место и големи се шансите продолжението „Се гледаме на посета“ да биде пишувано во странство.