logo

# Сатира

Се буди природата: Во Вардар се вратија дивите машини за перење

насловна слика
Природата доаѓа по своето! Откако во каналите во Венеција се врати живиот свет бидејќи луѓето се повлекоа во своите домови и нема кој да ја загадува водата - истиот феномен се случува и во најголемата македонска река, Вардар. Имено, после само три дена вонредна состојба и намален проток на луѓе покрај реката, риболовци сведочат дека на повеќе точки по течението испливале јата диви машини за перење, автомобилски гуми, плочки и друга санитарна опрема. Според биолозите, причина за нивното повторно појавување во нашата земја е кристално чистата вода, која пред забраната за излегување беше далеку поматна и го блокираше погледот до убавините на дното на реката.

Коментари


Остави коментар