Партијата на власт делува поприлично позитивно за моменталната ситуација и покрај многуте напади кон партијата.
Овој оптимистичен поглед на светот денеска беше споделен на прес на партијата.
"Државата е на прав пат. Нема што нема. Нели ви рековме дека ќе тече мед и млеко кога ќе дојдеме на власт?
Е па! Гордо може да кажеме дека во државава нема што нема!
Нема свидетелства, нема лични карти, нема пасоши, нема регистарски таблички, нема пари, нема..." - беше кажано на стартот на овој прес кој траеше 12 часови.
Забелешка: Оваа сатирична вест беше пишана од страна хумористичен автор од деведесетите, а дури денеска ни стигна во канцеларија.