СДСМ конечно објави зошто државата не е способна да се бори со масовните пожари низ нашата земја.
Имено, како тие што велат - "Многу арно не е на арно" - односно, после одличната ситуација и навремено набавените вакцини од членките на НАТО - Русија, Кина и Србија, премногу би било НАТО навремено да помогнеше во борбата со пожарите.
"Луѓе, ги гледавте билбордите. Членство во НАТО за најдобри здравствени услуги и најдобри вакцини. Нигде не пишуваше дека референдумот е за најмодерни противпожарни возила. Да се немало усул. Кај добивме навремени вакцини од НАТО, сега барате и навремена борба со пожарот? Мислам ок е, не сме само ние на планетава, ајде малце да се опаметиме" - се вели во соопштението на СДСМ.