Социјал Демократскиот Сојуз на [edited] ја испрати својата поддршка кон ЛГБ заедницата.
"СДСМ смета дека ЛГБ заедницата - односно Лезбејките, Геј личностите и Бисексуалците заслужуваат да живеат нормално без никаков проблем и смета дека тие се слободни да прават што сакаат. Со ова соопштение сакаме да кажеме дека сме зад хомо и бисексуалната заедница и дека цврсто ги поддржуваме ЛГБ личностите."
Секако, ќе приметите дека овдека не се спомнува буквата Т од ЛГБТ заедницата. Ова е бидејќи СДСМ не е сигурна за поддршка на трансродовите лица.
"Хмм... тие трансродовите лица... велат дека смеат да си го одберат својот род, а? Дека ако решат да го сменат полот треба секој да ги нарекува така? И дека другите луѓе треба да го прифатат тоа, а? Хмм.. не знам... не сме сигурни. Зошто на пример да не игнорираме тоа што сметаат Транс лицата? Или еве, некој сака да се идентификува како маж... арно ама, ние ќе собереме 63 лица од пар партии.. и ќе решиме дека тотално ќе игнорираме како тој човек сака да се идентификува? И ќе речеме "Ок е. ти што знаеш кој си, што си и како сакаш да те нарекуваме... ама јас, Крсто Муковски, Елизабета Канческа и 60 други луѓе решивме дека си жена така да... тоа ќе бидеш и цел свет така ќе те вика. За твое добро е, немаш право на тоа да знаеш што си. Ние ќе ти кажеме и ти ќе си ќутиш.
Не знам, тоа Т заедницата... имплицира нешто што не ни се допаѓа..." - се вели во соопштението на СДСМ.