logo

# Сатира

СДСМ со осуда: "Почнуваме да се сомневаме дека Андреа го претпочитува знамето од Кутлеш..."

насловна слика

И втората најголема партија во државава со свој став за денешната главна тема!

 

Имено, од СДСМ велат дека не им се допаѓа тоа што македонската преставничка на Евровизија го фрлила знамето. Но не поради тоа што тие сметаат дека има нешто лошо во фрлање на знамето, туку поради тоа што се сомневаат дека преставичката е симпатизерка на ВМРО-ДПМНЕ.

 

"Види, шо се однесува до нас нека го фрлат знамето. Нека го газат. Деморкатија е тоа. Па на крај краева, ако треба, пак ќе го сменеме со некое друго знаме. Нека се гази, нека се фрла, нека се пали, кој што сака нека си прави кои сме ние да им браниме? АМААААА... Има тука една друга теорија. Што ако оваа го фрлила знамето... само поради тоа што е вмровка и го претпочита знамето од Кутлеш? А? Ви текна на тоа? Е во тој случај... не е ок фрлање на знаме." - изјави член на СДСМ и продолжи со неколку прашања упатени кон нашиот новинар:

 

"А башка... кај беше оваа Андреа у времето на ВМРО бе? Кај беше? Дали го спречи проектот Скопје 2014?!? Не го спречи а? Кај беше она у војната во 2001? А? Кај беше? Дали она гласаше на рефередумот во 2004?!? Дали го гласала Бранко или Љубчо? Колку пати гласала за Грујо? Колку пати?!?!" 

 

Нашиот новинар проба да му објасни на членот на СДСМ дека Андреа била малолетна додека Никола Груевски беше во земјава и дека буквално не е возможно да има гласано за Никола Груевски на било кои избори, но членот на СДСМ немаше одговор на ова, се насмевна и го напушти разговорот.

 

Коментари

Илинка

Полнолетна е ,Адо сега требаше да е веќе во Северна Македонија ,зарем треба да се Дискутира и Размислува 👍


Остави коментар