Пресврт во предизборните ветувања! СДСМ сепак ќе биде со своја поддршка за Данела откако тие дознаа дека таа има Бугрски пасош!
"Ех, срамота е во 2021 да владее ксенофобијата. Имала пасош од Бугарија? И? Што ако? Ксенофобичен да бидам? Ај ако не во 2021 да бидам и хомофобичен? Тоа е педерска работа. Бунење ради различности!" - изјави Заев и продолжи: "Затоа веќе не го поддржуваме Шилегов! Ќе ја поддржиме Данела!!! Во предизборната програма ветивме дека ќе смениме се! И устав и име и знаме и дефиниција за демократија и предметот историја ќе го смениме! Се ќе смениме! Затоа... зошто да не смениме и градоначалник на Скопје?"
Пробавме да го потсетиме Заев дека дури ни најголемиот нацист на сите времиња никогаш не би ветил смена на устав и закони во предизборна кампања, па така дури ни Заев не вети ништо од ова, ама тој ни кажа "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." - по што се сврте позади и замина.