Изгледа дека сме чекор поблиску до дознавање на целата приказна за пожарите во Кочани!
Имено, на прес на СДСМ, денеска беше објавено дека партијата се сомнева во руски хакери и смета дека тие стојат зад пожарите!
"Види батец. Руски хакери се сто посто. Ти мислиш туку така во лето пожари ќе има? Ма ајде... има дечки млади, од Русија се, седат од дома, пијат водка, јадат салама и кликаат на компјутер. Пар кликови и одма се појавува пожар во Кочани! Трамп ги плаќа пошто не сака да влеземе во Мини Шенген. Љубомори. И плаќа хакери. Па после они од дома пуштаат пожари. И намерно, со пар клика успеваат да ја укочат помошта што сакавме да ја понудиме. Слушај шо ти зборам, батец... руски хакери се ова, сто посто..." - изјави член на СДСМ на пресот.