logo

# Сатира

СДСМ: Руски хакери прават гужви на бензинските во земјава

насловна слика

Странски служби повторно се мешаат во Владата на нашата земја!

 

Иако мислевме дека странските служби ќе престанат откако ВМРО-ДПМНЕ не се повеќе на власт, тие уште позасилено пробуваат да и сметаат на партијата на власт!

 

Овој пат СДСМ е партијата што обвинува за странски служби кои доаѓаат ни помалку ни повеќе туку од Русија!

 

На прес на партијата беше објавено дека најверојатно руски хакери прават гужви на бензинските ширум земјава, а се тоа е направено со цел да се направи вештачка слика дека има недостаток на бензин во земјава.

 

"Руски хакери батец.Тие стојат зад ова. Мислеа дека ќе им помине! Мислеа дека ќе можат да создадат вештачки гужви и паника. Но не им успеа! Одма ги откривме. Прво, граѓаните на земјава немаат пари за автомобили. Второ: И да имаа... немаше да имаат пари за бензин со новиве цени. Сигурни сме дека хакери од Русија стојат зад се ова и преку далечинско ги контролираат автомобилите. Така се создаваат гужвите пред бензинските. Руски хакери!" - изјави портпаролот на СДСМ.

 

 

Коментари


Остави коментар