Деновиве главна тема на разговор е дали СДСМ ќе го смени уставот со цел да се задоволат најновите барања на соседната земја.
Иако постои шанса да биде тргнато ветото со промена на уставот, СДСМ повторно, по кој знае кој пат потврди дека не планираат да направат нешто такво и дека не се тип на партија која ќе биде субмисивна пред барањата на националистите од соседната земја и покрај тоа што таа е членка на ЕУ.
Со ова се сложи и претседателот кој вели дека е погрешно да се смени уставот и дека националистичките барања на соседите се луди!
"СДСМ нема да го сменеи уставот. Ни на крај памет не ни текнува да го направиме тоа. Ве уверуваме! Нема да потклекнеме под националистичките барања на соседната земја! Треба да го тргнат ветото! Срамота е во 21 век земја членка на ЕУ вака да се однесува со соедна земја! НЕМА ШАНСА ДА ГО СМЕНИМЕ УСТАВОТ! НЕМА ШАНСА!" - емотивно одговори Зоран Заев.
Браво, СДСМ повторно докажува дека е партија со интегритет!
Забелешка: Ова е вест од пред неколку години и се однесува на барањата на Грција за промена на уставот на Република Македонија.
Претпоставуваме дека истата вест е точна и за ситуацијата со Бугарија, бидејќи сепак, СДСМ е партија со интегритет.