Владеачката СДСМ не запира со своите обиди да го направи светот поинклуизивно место за живеење!
Нивна најнова мета е песната "Македонско девојче", за која СДСМ смета дека е песна што создава поделби во земјава.
"Многу лоша песна. Зошто да биде 'Македонско девојче', а не "Девојче од нашата земја" ? Па само Македонци ли има во земјава? А да не збориме за стереотипите. "Китка шарена" ??? Што, како демек убава е ко цвеќе девојката од песната? Демек сите цвеќиња се убави? Демек жената е вредна само ако е убава како цвеќе??? Па после таму се пее дека е "од градина набрана". Демек ја скинал некој? Како цвет што се кине? Не знам, малку е перверзно тоа да се збори за кинење на жени... А шо праиме со рефренот?!?!? Дали има на овој свет поубаво девојче од Македонче? Секако дека има! Еве, имам колега Албанец, жена му е Албанка. Знаеш каква е? Еј, да ја грабнеш, да ја.. овај... Сакам да кажам... згодна е. Згодна е и Албанка е. Убави девојки низ цел свет има. Украинки знаеш какви има? Скандинавки? Сум глеал вчера едно видео со една Латина од Бразил-Аргентина, таму негде, не знам. Еј знаеш какви облини има? Брееј... Овај... Извини, пак се замислив... Поентата ми е... Мора да престанат поделбите и стереотипите! Има многу убави девојки, не само Македонки!" - изјави член на СДСМ на кафе-муабет со еден од нашите новинари.