Можеби изборите завршија, но тоа не треба да ги запре партиите во своите кампањи! Како што рекол познатиот Панта Реи - "Кампањите ќе траат засекогаш".
Веднаш по завршувањето на вториот круг од локалните избори, СДСМ на прес објави дека освен тоа што има бугарско државјанство, кандидатката поддржана од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така има и ЦД од Мирко Попов!
"Дали ваква кандидатка сакате да ја претставува вашата партија? Мирко е наш! Сакате ли вакви луѓе да ви се кријат во партијата! Што е следно? Има ЦД од Бени? Од Перо Камиказа? Од Дац и Александар? Од Тамара??? Пазете се!" - предупреди член на СДСМ.
Дали вкусот за музика на Данела ќе има ефект врз нејзината работа доколку таа стане градоначалничка на Скопје, останува да видиме.