Партиите повторно најдоа нова причина да се поделат! Овој пат причина за тоа е конфликтот меѓу Израел и Палестина!
"Ние сме за Палестина" - објавија од ЛЕВИЦА
"Ние сме за Израел" - објавија од ВМРО-ДПМНЕ
Кога ги прашавме за нивен став, од СДСМ ни рекоа "Ајде да го баталиме минатото"
Откако им објаснивме дека ова се случува во моментов тие рекоа
"A? Во моментов? ...е ако де! И тоа ќе биде минато некој ден! Ајде да го баталиме минатото! Ама еве... ајде... ако инсистирате... ние веруваме дека Бугарија има право да се брани. И да напаѓа. Не се ни терористи, ни зионисти ни фашисти. Тие се наши пријатели. Имаат право да прават што сакаат" - ни одговорија од штабот на СДСМ.