logo

# Сатира

СДСМ ОБВИНУВА - Се сомневаме дека Апасиев има ист бербер како Талибанците!

насловна слика

Партијата што стои зад се најлошо во државава повторно во средината на нов скандал! Да, нов ден и нов скандал за ЛЕВИЦА!

 

Имено, владејачката партија СДСМ го обвини лидерот на ЛЕВИЦА за имање на ист бербер како и Талибанците!

 

"Гледав вчера телевизија... и гледам талибанци со долга коса... брада... нешто против власта се бунтуваат... И МИ ТЕКНА! Па овие се исти како Апасиев, бе чоече!!! Овие сто посто имаат ист бербер како Апасиев! Се сомневаме дека Апасиев го плаќаат Талибанците за да шири нивна пропаганда тука. До кога ќе го трпиме владеењето на овој тиранин? Што ако утре и тој со пушка во рака отиде во планина и се бунтува против влас.. ее  Али, како е? А? На Кафе? Хаха ај се глеаме после хаха. Извинете, Ахмети помина од тука морав да се поздравам... кај бев? А да... што ако овој Апасиев утре се бунтува исто како Талибанците??? Не смеете да верувате на луѓе со сличен бербер како Апасиев! Отсекогаш сум велел тоа!" - изјави претставник на СДСМ на денешната прес-конференција за печатот.

Коментари


Остави коментар