logo

# Сатира

СДСМ обвинува: ДРЖАВАТА ГОРИ, А АПАСИЕВ УШТЕ НЕ СЕ ЧЕШЛА!

насловна слика

Една од партиите во државава - СДСМ, го обвини лидерот на една од партиите во државава - ЛЕВИЦА за неговата реакција на пожарите во државава!

 

Тие денеска свикаа прес за медиуми во кои го рекоа следното:

 

"СРАМОТА! Државата гори, а тој не се чешла! А бе баби се чешлаат! А тој не! Како не му е срам со неисчешлана коса да се шета низ градов? А бе утре ќе му текне на одмор во Грчка да отиде, на граница можда нема да го пуштат ако не е исчешлан... срамота, реални да бидеме очајно се справува владата на Апасиев со пожариве. И ова е факт, прашајте и поддржувачи на Левица, ниту еден нема да каже дека владата на Левица добро се справува со пожариве!" - се вели на пресот на СДСМ.


Кога ги прашавме каква врска има косата на Апасиев со пожарите и што планираат да направат освен одење на одмор, тие кажаa: "Луѓе, ве молам. Да го баталиме минатото." - по што претставникот на СДСМ се сврте и замина.

Коментари

ThxJFcHaL6RF1UnGA72CwMxkUBNWXpxc6e53Jqad

Страмота бе за овај Апасиев!!


Остави коментар