Конечно, недела дена откако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изгласаа зголемување на бројот за потребни потписи за учество на независна листа на престојните локални избори, на авторот на текстот му текна да напише сатира за истата, откако цело време беше зафатен со сериозни обврски*
Од СДСМ велат дека логично е да се зголемат работите што се потребни за учество на локалните избори бидејќи како што тие велат:
"Ова не е државјанство па туку така да се добива со купени смоки од Хедис... ова е сериозна работа. Ќе треба да се испотите за да ни го уништите начинот за правење на пари додека не правиме ништо. А додека собирате повеќе потписи од тоа што порано требаше... дан требит државјанство? Само дојдете, три секунди работа е, ќе средиме" - изјави претставник на СДСМ.
Од друга страна пак, од ВМРО-ДПМНЕ го велат следното:
"Да, да, од уста ми го зема зборот, се сложувам."
* = мастурбирање и јадење чипс