logo

# Сатира

СДСМ: Нашето поскапување на струјата е подобро од она на ВМРО

насловна слика
СДСМ со соопштение одговори на критиките од страна на опозициската ВМРО ДПМНЕ околу покачувањето на струјата. Имено, како што се вели во соопштението, ова покачување на струјата е значително подобро од она во времето на ВМРО ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека граѓаните се задоволни од новото покачување на струјата, за разлика од минатото кога ВМРО ДПМНЕ буквално ги соголуваше до гола кожа. Во соопштението се вели и дека во блиска иднина се очекува уште неколку нови покачувања на останати добра и услуги, како што се лебот, нафтата, парното, водата ... и.т.н.. Од СДСМ се убедени дека граѓаните ќе знаат да ги препознаат овие покачувања и ќе ги споредат истите со покачувањата од времето на ВМРО ДПМНЕ.

Коментари


Остави коментар