Конечно! Некој го кажа тоа што сите ние, објективни граѓани кои мразиме национализам го мислевме!
Браво за СДСМ кои конечно покажаа дека се единствена партија што знаат дека национализмот е чумата на 21 век!
Имено, партијата на власт, денеска на прес за медиумите објави дека ќе ги следи интернет објавите на сите кои беа загрижени за пожарот и починатите во Тетово во последнава недела.
"СТОП ЗА НАЦИОНАЛИЗМОТ! Умреле луѓе во Тетово и одма као демек жал ви е? Зашто ви е жал? Дека Тетово е дел од истата нација како и вие? Да... така и си мислевме. Национализам. Типичен национализам." - кажа член на СДСМ и продолжи:
"Имаме луѓе од МВР што ги следат сите ваши фејсбук објави. Доколку сте пишале дека жртвите во Тетово треба да почиваат во мир тогаш ќе видиме дали истото сте го правеле и за други жртви. На пример, знаете ли колку луѓе умираат во Ангола секој ден? Знаете ли какви се болниците во Молдавија? Пред некоја недела неколку пензионери во Тајван починаа од срцев удар. Секако, не верувам деак ви е гајле за тоа. Пожари во Австралија? Крадци во Нов Зеланд? Корупција во Таџикистан? Лоши услови за живот во Сао Томе и Принципе?
Не? Немате пишано статус за другите нации, само за вашата, а? Животите на тие од другите нации не се битни, а???
Националисти. Мора да се препознае национализмот уште во старт и да се пресече.
Затоа, секој што жали за Тетово, а не и за други ситуации ќе биде уапсен. Очекувајте од МВР да ви дојдат деновиве." - беше кажано на прес на партијата.
Екипата на Коооперација 100% стои зад оваа идеја и смета дека само со апсење на луѓе што се жалеле за ситуацијата во Тетово ќе може да дојдеме до уништување на фашизмот и национализмот.
Впрочем, сите ние сме една иста нација. Млечниот пат... или нешто такво, не знам, бегав од часови у основно пошто се собиравме во локалниот штаб да пиеме пиво.