Владејачката партија што не е ДУИ денеска на прес за јавноста изјави дека е навистина задоволна што господинот Венко Филипче ќе остане министер за здравство.
Тие велат дека сите тие што бараа оставка од господинот Филип Венковче се идиоти кои бараат работи што не постојат - во случајов морал.
"Читав на интернет, луѓе бараат морал од министерот за здравство. И од прва ми се згади. Како може да постојат луѓе што бараат нешто вакво? Само шират негативна енергија!
Па после еден колега во штаб ми кажа дека ги гледам моите стари постови од пред 7 години кога барав одговорност за Никола Тодоров и одма ми олесна.
Ама таа олеснителност траеше кратко! Само неколку минути подоцна видов други фејсбук постови и твитови во кои се бара морална одговорност од Венко Филипче.
Срамота.
Што бараат бе??? Морал????
Што е тоа? Се јаде? Се пие? Се конзумира некако? Може да ми го покажете??? Можете да го допрете???
Секако дека не! Измишљотина! Овие идиотиве на интернет само измислуваат работи што не постојат.
Моралот е измислица што не постои и не може да се допре. Како демократија, мир, правда или женски оргазам.
Не постои.
Престанете да лажете дека постои. Знаеме кој ве плаќа да ширите вакви лажни зборови!!!" - храбро изјави преставник на СДСМ.