logo

# Сатира

СДСМ: Кружниот тек е артистички избор!!!!

насловна слика

Конечно, откривме дека фамата за кружниот тек во Струмица била за ништо. 

 

Имено, кружниот тек бил само артистички избор и целта било да се крене вниманието за престојната независност на нечива земја.

 

"Батец, а шо у времето на ВМРО што ќутеше за ова бе? Знаеш дека кога Апасиев ќе дојде на власт нема да има кружен тек туку ќе биде српест тек? Дека срп и чекич? Ти текиња? Ај баш тогаш ќе те видам дали ќе јадеш гомна ретарду еден пореметен да ти се посерам во храната хејтер еден" - изјави еден анонимен твитераш кој себе си се опишува како "неутрален, објективен, политички неопределен човек што сака да шири позитивна енергија и да се бори против омразата и лажните вести во овој мрачен свет"

 

Од СДСМ пак, велат дека ова е дел од планот.

 

"Ова е уметнички избор. Намерно вака сакаше уметникот. Ова ќе биде дел од прославата за 30 години зависност на земјава. Веднаш до кругот ќе има и една тројка, па од далеку кога ќе се гледа да изгледа на бројот триесет, дека нели, се слават триесет години! Догодина ќе го извадиме кружниот тек и ќе ставиме единица, дека нели 31 година зависност ќе се слави догодина" - изјави Мила Царовска.

 

Кога ја прашавме дали мисли "независност" наместо "зависност" таа ни кажа "Луѓе. Ве молам. Немам време сега да одговарам вакви прашања. Сега е време за прослава, исто како што се прославуваше победата на фашизмот. Прашајте ме во некоја друга прилика."

 

За свое мислење ги прашавме и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои сепак беа поприлично среќни и задоволни за кружниот дек. Скоро секој пратеник ни кажа: "Одлично. Битно се гради."

 

Во штабот на Левица ни кажаа дека тие не работат со прашања на лице место и ако сакаме одговор ќе треба да му пишеме приватна порака на Фејсбук на господинот Апасиев.

 

Сепак, добивме одговор од Али Ахмети кој ни кажа дека кружниот тек е тамам, само фали малце повеќе зелено во средина.

 

Со пофални зборови се и тројцата од ДОМ кои рекоа "Добро е ова, барем не троши струја..."

 

 

 

 

Коментари


Остави коментар