Владата никогаш не спие! Само понекогаш зема паузи за да се вози со мотор.
Овој пат СДСМ планираат нова кампања која ќе им објасни на глупите, неинтелигентни и прости граѓани дека почитување на ветени оставки е нешто што нема да им ги нахрани децата.
"Видете. Да ветиш оставка и да не ја исполниш не е лошо. Ама... што? Да не ќе ти ги нахрани децата? Исто како устав и закони се. Можеш да ги почитуваш... ама тоа нема да ти ги нахрани децата. Можеме до утре да збориме за прекршени закони, прекршени уставни одредби, непочитување на демократски процеси или ветени, а неисполнети устави. Ама зошто да збориме за нешто толку далечно како пред неколку денови кога може да гледаме напред. Особено ако почитување на ветените работи нема да ви ги нахрани децата. Ајде да одиме напред. Баш во ЕУ ни кажаа ако излажеме уште 5-6 пати ќе добиеме и банана. А банана може да те нахрани. Е тоа е квалитетна унија бе брат!" - се вели во соопштението на СДСМ.
Екипата на Кооперација цврсто стои зад овој проект и се надева дека до крајов на годинава ќе се прекршат уште неколку закони со цел побрзо да влеземе во Унијата каде што се почитуваат сите закони.