За неверојатни 1000% скокна продажбата на брави, аларми и полиси за осигурување од кражби, откако премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски, најави дека планираат да посетат вкупно 946 населени места во земјава, носејќи ги истите црвени елеци цело време.
Експертите со кои разговаравме велат дека овој раст е очекуван и, како што се ближат изборите, тој и понатаму ќе оди нагоре, затоа што во трката од врата до врата ќе се приклучат и другите партии, со што ќе порасне и ризикот од кражби, а со тоа и стравот кај граѓаните, кои ќе трошат се' повеќе и повеќе пари за обезбедување на домовите.
Тие додаваат дека најзаслужни за преродбата во оваа индустрија се токму партиите и нивните членови, чија работа и однос кон граѓаните кога се на власт се движечка реклама за нив, додека пак ваквите со кампањи многу помагаат за подигање на свеста заштита на домовите од крадци и криминалци.